Ве известуваме дека карневалот ,,РАТЕВСКИ БАМБУРЦИ”, кој ја негува традицијата 6 века по ред, низ една паганска доба, фолклор и поворки под маски, оваа година е откажан, заради спречување на ширење на корона вирусот.
Со страшни маски против злите души, со црни прсти против страшни болести, со силен екoт против лошотиите, се’ на се’ за подобро утре, за поздрава и поплодна година, да се надеваме дека истите повторно ќе го наполнат с. Ратево, веќе следната година и ќе продолжи да се негува, една од најуникатните традиционални манифестации во Малешевијата и пошироко.
Како што стои во известувањето, кое што Општина Берово го доби од одборот на Здружение на граѓани ,,РАТЕВСКИ БАМБУРЦИ”, посакуваме оваа пандемија што поскоро да заврши и да продолжиме и понатаму да ја негуваме вековната традиција на маскирање во с. Ратево.