Во рамките на Програмата за изградба на локални улици и патишта за 2021 година, започнува ,,Реконструкцијата на дел од ул,,Борис Кидрич” во Берово, од спој со улица ,,Јуриј Гагарин” до спој со ул.,,23 Август”, односно делот кој не беше реконструиран .
Во моментот се врши вадење на дел од постоечките оштетени ивичнаци, стругање на постоечки асфалт, а предвидено е висинско дотерување на шахтите и асфалтирање со АБ 11, слој од 5 cm.
Оваа улица е доста фреквентна и е важна сообраќајница, со оглед на тоа што се приклучува кон регионален пат и реконстукцијата на истата ќе биде од големо значење за жителите на општина Берово.
Изведувач на работите е ВЕ- ГРУПА ДООЕЛ од Радовиш, а за истата од Буџетот на Општина Берово за 2021 година ќе бидат исплатени 2.196.348,00 денари.