Започнуваат активностите за изградбата на секундарна и примарна мрежа во туристичка населба Беровско Езеро, долгоочекуван проект за сопствениците на викендици, но и за граѓаните гостите и туристите.
Најповолниот економски оператор е воведен во градба и започнува со реализација проект за „Реконструкција на водоводна линија, дел од секундарна водоводна мрежа и поврзување на нов резервоар со примарна водоводна мрежа во туристичка населба Беровско езеро, во општина Берово“.
Истиот ќе понуди решавање на долгогодишниот проблем со водоснабдувањето во туристичката наслеба Беровско Езеро, а ќе се изгради помеѓу веќе постоечките резервоари и ќе се покрие преостанатиот дел од населбата и домаќинства со што во значителна мера, ќе ги подобриат условите за развој на туризмот.
Низ целата мрежа, се предвидени воздушни и испусни вентили, сместени во посебни шахти или се комбинирани. Во проектот се предвидени и подземни против пожарни хидранти.
Проектот е истакнат како еден од најголемите приоритети и на средбите со граѓани и невладини организации, кои што Градоначалникот Пекевски ги оствари во процесот пред креирање на Буџетот за 2021 година и посебно е истакнат како приоритет преку ,,Здружението на туристички работници и сопственици на викенд ќуќи на Беровско Езеро”.
Средствата во износ од околу 7.100.000,00 , се обезбедени од Европска инвестициона банка и Владата на РСМ, а целокупната постапка е спроведена преку Министерството за транспорт и врски.