Започнува изградбата на локалниот пат Берово-Црвен Брег- туристичка населба Абланица, инвестиција вредна 15.423.995,00 денари.
Граѓаните на Берово, за некаде околу 3 месеци, ќе можат да користат нов локален пат и нова урбана патека за пешачење, низ прекрасниот природен предел.
Беровчани, туристите и посетителите, ќе добијат нов пат и побрза сообраќајница за пристигнување до туристичката населба „Абланица“.
Средствата, во износ од од 15.423.995,00 денари се обезбедени од Министерството за транспорт и врски со одлука на Влада, преку капиталните дотации кои се наменети за финансирање на општински проекти.
Се надевам дека овој локален пат, во значителни размери ќе ја олесни пристапноста на граѓаните до нивните имоти, ќе ја збогати туристичката понуда на Берово и ќе биде мотив плус за туристите да уживаат во прекрасните природни предели во Берово- истакна Градоначалниот на Општина Берово, Звонко Пекевски.