Започнува изградбата на фекална канализација во село Мачево, каде што увид во градежните работи изврши градоначалникот на Општина Берово, заедно со стручните служби во општината.
Проектот ,, Изградба на фекална канализација во село Мачево”, се реализира , со средства обезбедени со пренамена на 35 милиони евра од ТАВ, што беа предвидени за изградба на карго аеродром во Штип.
Општина Берово во распределбата на тие средства, доби околу 26 милиони денари, за реализација на проект “Изградба на фекална канализација во село Мачево”.
Со реализација на овој проект, се решава голем проблем на жителите од с. Мачево и уште еднаш се потврдува посветената работа, инвестираме во инфраструктурата, секаде каде што е потребно и подеднакво се грижиме да го подобриме животот, како во градот, така и во населените места.
Преку одлуката за пренамена на средства, обезбедени се 35 милиони евра, за 99 проекти, за 75 општини, кои се одобрени за изградба и реконструкција на локална патна инфраструктура, за водоснабдителна мрежа, за канализациски мрежи, за реконструкција изградба на градинки и училишта и спортски објекти, за реконструкција и изградба на здравствени установи и за други проекти, по предлог на општините.