Во салата „Македонски бранители“ во Берово, вчера, започнаа традиционалните Работнички спорски игри во мал фудбал.
Работничките спорски игри, свечено, ги отвори градоначалникот Пекевски, кој истакна дека целта на овие игри, е одржувањето на физичката подготвеност, развој на тимскиот и спортскиот дух, како и подобрување на соработката помеѓу институциите на локално ниво.
Додаде дека, Општина Берово ќе продолжи да го поддржува спортот и здравите навики, а се надева дека со овие работнички спортски игри, ќе се подигне спортскиот дух, ќе се поттикне пријателски однос и ќе се унапреди соработката на локално ниво.
Од името на Општина Берово и од лично име, упати срдечни поздрави, благодарност до сите што се вклучија во организацијата на Работничките спортски игри и им посака успешни и фер натпревари.
Во првото коло постигнати се следните резултати:
17:30ч. Угостители – Национални шуми и пилани 0:2
18:00 ч. Образование – АРСМ Гарнизон Штип 1:1
18:30 ч. Роми – Општина Берово 1:0
19:00 ч. МВР Полиција – Здравен Дом Берово 9:0
19:30 ч. Фагус – Труд и социјала и Суд 1:2
Слободна во првото коло, беше екипата на Приватни Фирми.
Второто коло, ќе се игра на 02.03.2023 години (четврток ) со следниве натпревари:
- 18:00ч. Национални шуми и пилани – Труд и социјала и Суд
- 18:30 ч. АРСМ Гарнизон Штип – МВР Полиција
- 19:00 ч. Општина Берово – Фагус
- 19:30 ч. Приватни фирми – Образование
- 20:00 ч. Угостители – Роми
Слободна во оваа коло, е екипата на Здравен Дом Берово.