Ќе биде асфалтиран просторот пред влезот на градскиот пазар, во вкупна површина од околу 1000 метри квадратни , со пристапни скали и рампа.
Со тоа Берово добива нов уреден простор и подобар пристап до градсиот пазар.
Вложуваме во подобрување на инфраструктурата, во градот и населените места, за сите нас.
Вредноста на инвестицијате е 2.125.907,00 денари , кои се обезбедени во рамките на објавениот јавен повик на Влада на РСМ, за финансирање на инфраструктурни проекти од Програмата АА- Инфраструктурни проекти во општините, на Министерството за локална самоуправа, согласно измените и дополнувањата на Буџетот на РСМ, капитални проекти од областа на транспортот за 2024 година