Започна реконструкцијата на улица ,,Прохор Пчињски” – 2 фаза, во Ромското маало, во Берово

Преку Минстерство за транспорт и врски, а со поддршка од РОМАЛИТИКО- Институт за истражување и анализа на политики, започнуваат градежните активности, за исградба на улица ,,Прохор Пчињски” – 2 фаза, во Ромското Маало, во Берово.

Ќе се реконструира улицата во должина од околу 230 метри, со широчина од 4 метри , со поставување на бетонски рабници. Од едната страна е предвидено одводнување, преку поставување на каналетки, со цел одведување на атмосферската вода.

Во првата фаза, во  2020 година, беа изградени околу 340 метри, на кои сега ќе се надоврзат нови 230 метри, при што целосна реконстукција ќе биде извршена на вкупно 570 метри.

Со  продолжувањето на постоечката улица ,,Прохор Пчињски”, во Ромското мааало, ќе се решат проблемите на жителите од овој дел, ќе им се олесни пристапот до нивните имоти, пристапот до централно градско подречје, пристапот на возилата за брза интервенција и ќе им се подобри квалитетот на живот.

Проектот опфаќа изградба на улицата со поставување на бехатон плочки , а вкупната инвестиција, чини 2.213.206,00 денари, од кои од  Минстерство за транспорт и врски, обезбедени се 926.139,00 денари, од Институт за истражување и анализа на политики- РОМАЛИТИКО 890.566,00 денари а Општина Берово ќе учествува со 396.501,00 денари.

Реконструкцијата  на оваа улица, која е  една од најзначајните улици во Ромското маало, во значителни размери се подобрува патната инфраструктура во ова маало.

Горе