Во рамките на Програмата за реконструкција на локални улици и патишта, започнува реконструкцијата на ул ,,Козара” во Берово.
Ќе се поплочува крак од улицата, со бехатон плочки, во должина од 126 метри и во вкупна површина од 403 м2 .
– Оваа улица долги години наназад е во многу лоша состојба и претставува навистина голем проблем за жителите од овој дел од градот. Нејзината реконструкција беше еден од приоритетните проекти, истакнати од жителите на организираните форуми и среќен сум што почнуваме со реконструкција на првиот крак од истата. Како што е познато, максимално сме посветени, континуирано вложуваме и инвестираме во проекти за подобрување на патната инфраструктура во градот, истакна градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски.
Жителите на овој дел од градот добиваат многу подобри и побезбедни сообраќајни услови и подобра поврзаност со останатиот дел од градот.
И во иднина ќе продолжиме со исто темпо да работиме за потребите на граѓаните, да бидеме отворени за соработка, да ги слушаме проблемите и заеднички наоѓаме најсоодветни решенија. Продолжуваме да работиме на проекти за реконструкција на важни улици, со кои Берово добива сообраќајна мрежа по сите современи стандарди, истакна Пекевски.
За реконструкција на првиот крак од ул.,,Козара”, од општинскиот Буџет, ќе бидат потрошени околу 774.000,00 денари.