Започна реконструкцијата на кровната конструкција во подрачно училиште во с. Митрашинци

Во рамките на активностите на

Општина Берово

, за подобрување на условите за учење, неодамна, започна реконструкција на дел од кровната конструкција во ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски”, пу. с. Митрашинци.

Се работи за реконструкција на стариот дотраен кров, на просторија во која се одвива наставата по физичко образование, после што ќе се пристапи кон целосна реконструкција на истата.
Со реконструкција на овој објект, во подрачното училиште во с. Митрашинци ќе се подобрат условите учење, за спорт и рекреација, но исто така ќе се заштити зградата на училиштето, кое после долги години, ќе добие подобрени услови.
Средствата во износ од 1.200.000,00 денари, за промена на коровната конструкција, се обезбедени од Програмата за намалување на аерозагадувањето, на Влада на РСМ, за 2019 година, додека средствата за реконструкција на просторијата, се обезбедени од Буџетот на училиштето и општината.
Целта, на оваа мерка, на Владата на Република Северна Македонија, е намалување на трошоците за енергенси, преку спроведување на мерките за ублажување на аерозагадувањето во земјата, а целокупната постапка до избор на најповолен понудувач, е спроведена преку Генералниот секретарјат, при Влада на РСМ.
Горе