Започна изградбата на ул ,,5” и ул..Ѓорѓи Димитров” во Берово

Жителите од улица ,,5” и ул..Ѓорѓи Димитров”, во Берово, конечно ќе добијат соодветна инфраструктура и газањето по кал ќе го заменат со асфалт.

Како дел од програмата за реконструкција на локални патишта и улици за 2021 година, започна изградбата на улица ,,5” во Берово и 3 крака од ул..Ѓорѓи Димитров”.

Како што исткна градоначалникот Пекевски станува збор за проект, кои решава значајни проблеми, кој имаат големо влијание на квалитетот на живеење на жителите од овој дел од градот, со оглед на тоа што се работи за доста населени улици и честопати кога објавувавме информации за нашите активности од областа на инфраструктурата, особено бројни беа коментарите и прашањата за изградба токму на овие улици.

Вкупниот Буџет, согласно Договорот со градежната компанија која ги изведува работите на терен   изнесува 3.287.363,00 денари и истите се обезбедени од општинскиот Буџет за 2021 година.

Пекевски  додаде дека во општина Берово, во  тек се  нови инвестиции за подобрување на локалната патна инфраструктура во текот на оваа сезона ,  каде ќе се работи на уште неколку локации : реконструкција на ул.,,Брашнарска” во с. Владимирово, изградба на дел од булевар на Кеј на река Брегалница- ул.,,7” и крак од ул.,,Велко Влаховиќ” а се работи и на реконструкција на ул,,2” во с. Русиново.

Горе