Започна реконструкција на тротоарите на ул.,,Борис Кидрич” во Берово, во Берово, од крстосница со улици Вељко Влахович и Јуриј Гагарин, до крстосница со улица Гоце Делчев, во должина од 420 метри.
Ќе се поплочува тротоарот со бехатон плочки со дебелина од 6 cm, на претходна подлога и поставен тампонски слој.
Ширина на тротоарот од десно и лево е проектирана на 2,0 m, додека ширините на зеленилото, е променлива долж улицата.
Улицата ,,Борис Кидрич” во Берово, е влезна улица, од патниот правец Стумица-Берово и го поврзува градот со четирите населени места, на територијата на општина Берово, Двориште, Ратево, Русиново и Владимирово.
Улицата е влезна артерија на градот и е една од најпрометните улици во градот, па така подобрувањето на инфраструктурата значително ќе влијае на подобрувањето на безбедноста и сигурноста на учесниците во сообраќајот, а сособено на пешаците, кои често пешачат во овој дел од градот.
По повикот за доделување на средства за финансирање на проекти, за развој на урбаните подрачја, за реконструкција на тротоари на улица ,,Борис Кидрич”, од раскрсница со ул.,,Вељко Влаховиќ”- ,,Јуриј Гагарин”, до раскрсница со ул.,,Гоце Делчев”, на Општина Берово, одобрени и се средства во износ од 2.421.586,00 денари, преку Бирото за регионален развој и Владата на РСМ. Вкупната вредност на договорот е 2.603.098,00 денари, при што општина Берово, од сопствениот Буџет, ќе издвои средства во износ од 181.512, 00 денари, за реализација на овој проект.