Ќе се гради паркинг простор со бехатон плочки, во вкупна површина од 600 метри квадратни.
Предвидено е поставување на ивичнаци и соодветно одводнување на предвидениот простор.
Со тоа Берово добива нов паркинг простор за паркирање на 30 возила, обезбедувајќи уредено и безбедно место за паркирање.
Во паркингот, согласно урбанистичкиот план и сообраќајните услови, ќе се влегува преку ул.,,Неретва” .
Жителите од комплекс зградите на ул ,,Партизанска”, ламела 1, 2 и 3 добиваат нов уреден простор за паркирање, со што ќе се регулира сообаќајот, во овој дел од градот.
Вложуваме во нови паркинг места и подобри сообраќајни решенија за сите нас.
Вредноста на инвестицијате е 1.491.259,00 денари , кои се обезбедени во рамките на објавениот јавен повик на Влада на РСМ, за финансирање на инфраструктурни проекти од Програмата АА- Инфраструктурни проекти во општините, на Министерството за локална самоуправа, согласно измените и дополнувањата на Буџетот на РСМ, капитални проекти од областа на транспортот за 2024 година.