Започна изградбата на фекална канализација на ул.,,23 Август”, во ромското маало, во Берово

Во рамките на проект ,,Штип и Берово, заедно за подобрување на условите во ромската заедница”, започна изградбата на фекална канализација на ул.,,23 Август” во ромското маало.

Градежните активности се одвиваат на крак од улицата, со должина од околу 250 метри, со што се решава долгогодишниот проблем, со одведување на фекални отадни води, во овој дел од градот.

Проектот овозможува заштита  и управување со водите, со посебен приоритет во заштитата на животната средина и подобар живот на граѓаните.

Главна цел на проектот ,,Штип и Берово заедно за подобрување на условите за живеење на ромските заедници”,  е Унапредување во домувањето, образованието и економските можности за Ромите, кои живеат во голема сиромаштија, преку подобрување нанивните услови за домување и пристап до социјални услуги.

Проектот фекална канализација на крак од ул.,,23 Август”, се реализира како дел од активностите, кои беа обврска за општината, а за истиот се обезбедни средства во износ од 599.483,00 денари, преку Министерството за транспорт и врски.

Горе