Започна асфалтирањето на локалниот пат Берово- Црвен Брег- туристичка населба Абланица

На големо задоволство на жителите на Општина Берово, започна асфалтирање на локалниот пат Берово-Црвен Брег- туристичка населба Абланица, инвестиција вредна 15.423.995,00 денари.
Се асфалтира локален пат, во должина од 2450 метри, со широчина од 3,5 метри, на претходно поставен тампонски слој, со поставување на бетонски каналети за одводнување и бетонски рабници.
Се надевам дека овој локален пат, во значителни размери ќе ја олесни пристапноста на граѓаните до нивните имоти, ќе ја збогати туристичката понуда на Берово и ќе биде мотив плус за туристите да уживаат во прекрасните природни убавини на нашиот крај.
Беровчани, туристите и посетителите, ќе добијат нов пат и побрза сообраќајница за пристигнување до туристичката населба „Абланица“.
Средствата, во вкупен износ од 15.423.995,00 денари, се обезбедени дел од Министерството за транспорт и врски со одлука на Влада, 13.287.000,00 денари, преку капиталните дотации кои се наменети за финансирање на општински проекти и 2.136.995,00 од Буџетот на Општина Берово за 2024 годона.
Горе