Заменето уличното осветлување, на улиците „23 Август“ и „Бел Камен“ со нови ЛЕД светилки

Во рамките на Програмата за одржување на уличното осветлување, за 2025 година, Општина Берово, успешно ја реализираше замената на дел од постојното улично осветлување, со енергетски ЛЕД светилки, на улиците „23 Август“ и „Бел Камен“.
Оваа активност, претставува дел од континуираните напори на локалната самоуправа, за модернизација на јавната инфраструктура, подобрување на безбедноста на сообраќајот и пешаците, како и подобра видливост и зачувување на животната средина.
Поставувањето на ЛЕД светилки, носи значајни придобивки, како што се: поголема светлосна ефикасност и подолг век на траење, па така со оваа мерка правиме уште еден чекор, кон одржлив и енергетски ефикасен урбан развој.
Од Буџетот на општина Берово за 2025 година, согласно склучениот договор по спроведената постапка за јавна набавка, за одржување на мрежата на улично осветлување на територијата на Општина Берово, ќе бидат потрошени вкупно 955.826,00 денари.
Горе