За поефикасно одржување на зелените површини, во градот и населените места, набавивме косилка, за потребите на ЈПКР ,,Услуга,, -Берово.
Истата ќе се користи за косење на паркови и други тревни површини на територијата на Општина Берово.
Косликата е марка Хускварна –ТС 112, со централен откос и корпа за собирање на тревата со волумен од 200 л.
Се надевам дека со набавката на ова косилка, значително ќе се подобри одржувањето на јавните зелени површини во Општина Берово и ќе се зајакне капацитетот на ЈПКР ,, Услуга “, при што граѓаните ќе добијат подобар сервис на услуги.
Од Буџетот на Општина Берово, за 2025 година, за оваа намена ќе бидат потрошени 163.289,00 денари.