„Волонтери преку граница“ – потпишан договор за имплементација на уште еден проект во низата успешни проекти од Интеррег програмата, Општина Берово ќе набави специјално возило

Потпишан договорот за имплементација на проект од ИНТЕРЕГ- ИПА прекугранична соработка Бугарија-Македонија, преку кој, Општина Берово ќе обезбеди специјално возило, за справување со природни катастрофи, со модул за гаснење на шумски пожари, како и модул за справување со снежни наноси, односно чистење на снег. Општина Берово е лидер партнер во проектот, а партнер од Република Бугарија е невладината организација – здружение на граѓани „Заедно за Сандански“.
Проектот “Волонтери преку граница“ (Volunteers across the border), е проект финансиран од програмата Интеррег-ИПА прекуграничната програма Бугарија – Македонија која се фокусира на мерките насочени кон ублажување на последиците од климатските промени, како и во решавањето на прашања поврзани со заштита на природата и биодиверзитетот, одржливо користење на природните ресурси, заштита на животната средина и управување со ризик на прекугранично ниво.
Буџетот на целосниот проект изнесува 397.457,46 евра, односно по 179.317,00 евра за Општина Берово и исто толку за Здружението на граѓани “Заедно за Сандански“ од Бугарија.
Главната цел на проектот е: превенција и заштита на жителите од пограничниот регион, од природни вештачки катастрофи. Како дел од активностите во 18 месеца, кои се предвивдени за имплементација на проектот, ќе биде и обука за волонтери и млади од Прекуграничниот регион за справување со природни катастофи, пожари, поплави и слично, со што би се остварило одржливо прекугранично партнерство во полето на превенција и справување со елементарни непогоди.
Со одобрувањето на овој проект од вториот повик за проекти за прекугранична соработка, Општина Берово, уште еднаш ја покажа спремноста за аплицирање на европски проекти и е една од ретките општини, кои добиле средства за реализација на прекугранични проекти од сите повици, започнувајќи уште од 2011 година.
Горе