Градоначалникот Пекевски оствари предновогодишна средба со претставници од месните заедници

Во пресрет на Новата 2021 година, градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски оствари средба со претседателите на Месните заедници, од населените места во општината.

На средбата, градоначалникот им посака успешна работа во 2021 година, со постигнување на големи резултати и им се заблагодари за реализираните активности и добрата соработка која ја имаа во годината која изминува.

Беше направено резиме на годината која поминува, за тоа што е направено во населените места, а што е она што е приоритет да биде направено, што е предвидено во програмите и што би можело дополнително да биде предвидено.

Годината која што помина, сите претставници ја отценија како успешна, и на градоначалникот му посакаа успешна и продуктивна 2021 година.

Горе