Во тек се активности за внатрешно уредување во Домот за стари лица, ОЈУСЗСЛ ,,Д-р Иван Влашки”, во Берово

Во рамките на активностите на Општина Берово, во областа на Социјална заштита и грижата за старите лица, во тек се активностите за доградба на втората фаза, од четвртата ламела на Домот  за стари лица, ОЈУСЗСЛ ,,Д-р Иван Влашки”, во Берово.

Втората фаза опфаќа: внатрешно уредување на објектот, опремување со мебел и друга потребна опрема, инсталирање на електронски мониторинг за следење на здравствената состојба на корисниците и хортикултурно уредување на надворешниот дел.

Со адаптацијата  на четвртата ламела, ќе се прилагоди простор за сместување на нови 28 корисници, со што Домот за стари лица, ќе добие капацитет од вкупно 67 корисници.

Наскоро се очекува долгата листа на пријавени корисници, да биде намалена за нови 28 корисници, кои ќе добијат соодвето згрижување, со комплетни услови, кои ги нуди нашата установа.

За адаптација на четвртата ламела, 11.015.000,00 денари, се обезбедени  од Министерството за локална самоуправа,  8.948.000,00 се обезбедени преку Регионалните форуми во заедницата, кои ги спроведува Центарот за развој на источно плански регион, со поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка SDC, а околу 1.983.268,00 ќе бидат обезбедени од Буџетот на Општина Берово.

Горе