Во тек е реконструкција на улица ,,Козара”, крак 3, во Берово

Во рамките на Програмата за реконструкција на локални улици и патишта, за 2025 година, во тек е реконструкцијата на ул ,,Козара”, крак 3, во Берово.
Се поплочува крак од улицата, со бехатон плочки, во должина од 120 метри широчина 3 метри и во вкупна површина од околу 400 м2 .
Оваа улица долги години наназад е во лоша состојба, па нејзината реконструкција беше приоритет, истакнат од граѓаните.
Жителите на овој дел од градот добиваат многу подобри и побезбедни сообраќајни услови и подобра поврзаност со останатиот дел од градот.
Продолжуваме и понатаму, да работиме за потребите на граѓаните, да бидеме отворени за соработка, да ги слушаме проблемите и заеднички да наоѓаме најсоодветни решенија.
Реконструкција на третиот крак од ул.,,Козара”, е овозможено, согласно јавниот повик на Влада на РСМ, за изразување на интерес од страна на општините, за финансирање на инфраструктурни проекти, од Подпрограмата АА- Инфраструктурни проекти во општините, на Министерството за локална самоуправа, согласно измените и дополнувањата на Буџетот на РСМ, за капитални проекти.
За реализацијата на овој проект, ќе бидат исплатени 938.704,00 денари.
Горе