Во Новата 2021, Ви посакувам многу успеси, здравје, среќа, благодет и остварување на сите Ваши желби!

На крајот од оваа година, повеќе од било кога, имаме право  да си посакаме многу здравје,  повеќе дружење, во новата година,  повесели моменти и позитивна енергија.

 И оваа година со заеднички сили,  да продолжиме,  да го градиме патот исполнет со нови цели, нови надежи и нови успеси, кои ќе донесат подобро Утре за нас и нашите најблиски. Да се радуваме на секој нов ден, давајќи свој  придонес   за напредок, за иднината на нашиот град, за добробитта и напредокот на нашите граѓани и повисоко ниво на општественото живеење.

Воедно упатувам апел до сите граѓани на општина Берово да празнуваме одговорно, со почитување на сите препораки на здравствените власти.

Празнувајќи одговорно, вложуваме во побезбедна и посреќна иднина.

Среќна Нова 2021 година!

 

Општина Берово

Градоначалник

ЗВОНКО ПЕКЕВСКИ

Горе