Огнометот како нов почеток, нова енергија, повеќе да создаваме и повеќе да се радуваме

Зад нас ја оставивме годината којашто му го го донесе еден од најсериозните предизвици со кои се соочил светот во поново време.

Пандемијата целосно ги промени нашите животи и нашето секојдневие.
Сепак и покрај сите предизвици продолживме да градиме, да вложуваме да го развиваме Берово најдобро што можеме со целосна посветеност како првиот ден.
Тука сме за граѓаните секогаш кога им сме потребни. Секој успех е заеднички успех на сите нас.

На новогидишната вечер направивме скромен огномет со кој сакаме да потенцираме дека годината што доаѓа е нов почеток во кој ќе ја надминеме пандемијата, ќе продолжиме да го градиме нашето убаво Берово и ќе се вратиме на мирот, спокојот и убавината на живеењето во Берово што ја имавме пред пандемијата.

Ве повикувам да празнуваме одговорно за празниците, да продолжиме да ги почитуваме препораките и новата година да е вистинскиот нов почеток кој ќе донесе нова енергија за нови победи.
Ќе создаваме повеќе и ќе се радуваме повеќе.

Горе