Во историско етнолошкиот музеј во Берово, денес е поставена изложба на тема “Ретроспективна изложба цвеќе” од Домот за млади и деца Благој Мучето од Струмица.
Изложбата е во организација на Домот за култура “Димитар Беровски” Берово, а поставени се 14 уметнички дела изработени од ученици од основните училишта во Македонија.Меѓу нив се наоѓаат и три цртежи на наши ученици од основното училиште “Дедо Иљо Малешевски” во Берово.
Првиот ден од изложбата побуди огромна посетеност од учениците од основното училиште и беровската гимназија, како и од повозрасните публика кои имаа можност да ги видат прекрасните дела изработени од вештите ученици уметници од Македонија.
Изложбата ќе биде отворена до 11.04.2022 година од 7:30 до 15:30 часот.