Во Берово реализирана методско тактичко показна вежба во случај на пожар

Во рамките на програмските активности на ТППЕ Берово, денеска во Берово, е  реализирана  заедничка методско, тактичко-показна вежба,  „Евакуација и спасување на повредени и загрозени лица од пожар”.

Активноста ја организираа Територијалната-противпожарна единица, во соработка со основното училиште  ,,Дедо Иљо Малешевски”и тимот на ОВР Берово, Дирекција за заштита и спасување  и тимот на итна медицинска помош.

Симулирано е пожар, во една од просториите во училиштето и е симулирано дека еден ученик вдишал токсичен чад и при пребарување, лицето е пронајдено, безбедно е евакуирано и предадено на службите од итна медицинска помош.

Целта,  како што истакна ВД командирот на ТППЕ Берово, Сашко Руменовски, е децата и вработените во училиштето, да се запознаат како правилно да се евакуираат, при евентуална појава на елементарна непогода.

Од  големо значење, e увежбувањето на вработените и учениците за правилна постапка во услови на загрозеност. Ова е само пример, како треба да се постапува и да се содејствува со професионалните институции нa локалнo ниво, за итни интервенции во објекти, со приоритет, во случај на несреќи.Територијалната-противпожарна единица, често интервенира при пожари во затворен пожар и затоа ваквите вежби, како што додаде се од огромна полза, за унапредување на работата на единицата.

Инаку територијалната противпожарна едница во Берово брои 15 професионални пожарникари и во денешната вежба учествуваа сите пожарникари.

Горе