Асфалтирана улица ,,Белградска” во Берово

Во рамките на активностите на општина Берово, од Програмата за реконструкција на локални улици и патишта за 2023 година, се асфалтира  улица ,,Белградска”,  во Берово.

Дел од улицата, во должина од 358 метри и широчина од 4 метри, претходно е  поплочена  со бехатон плочки,  поставени се бехатонски рабници и одвод за атмосферска вода, а еден дел од улицата  се асфалтира, во должина од околу 500 метри.

Жителите од овој дел од градот, конечно добиваат соодветна патна инфраструктура до своите имоти и  им се олеснува пристапноста.  Улица ,,Белградска” во Берово, долги години наназад, е во лоша состојба, па жителите кои живеат овде, конечно, по свеж асфалт, ќе можат да пристигнат во центарот на градот.

За  реконструкција на ул.,,Белградска”,  од Буџетот на општина Берово за 2023 година, ќе бидат потрошени 6.843.709,00 денари.

Горе