Како дел од Програмата за еднакви можности меѓу жените и мажите за 2023 година , за подигнување на јавната свест, во областа на здравството, во рамките на Проектот ,,Штип и Берово, заедно за подобрување на животот на Ромската заедница” , во соработка со Зелен Институт – Zelen Institut – Green Institute, Општина Берово , Општина Штип и Здружението на гинеколози МАГО од Скопје, извршени се превентивни здравствени гинеголошки прегледи, на жени, од Ромска популација.
Во периодот од 16.10.2023 до 23.10.2023 година, беа извршени генеколошки прегледи во општина Штип, а од 24.10.2023 до 27.04.2023 година, во општина Берово.
Како дополнителна активност заедно со локални волонтери во Општина Берово и општина Штип се извршија и информативни разговори и се доделија едукативни материјали за значењето на редовните гинеколошки прегледи , како и материјали за редовна и навремена имунизација на населението во Општина Штип и Општина Берово.
Целта на проектот е унапредување во домувањето, образованието и економските можности за жителите од Ромската заедница, преку подобрување на нивните услови за домување и пристап до социјални услуги и истиот е финансиран од Европската Унија.