Владимерски илинденски средби с. Владимирово 2 Август ,,Илинден”

Под мотото ,,Ладимерци дека и да сте за Илинден дома да сте”, во беровското село Владимирово, секоја година, за празникот ИЛИНДЕН, се одржуваат ,,Владимерски илинденски средби”, под организација на истоименото здружение .

Низ многу песни и ора, со зурли и тапани и богата културно уметничка програма, деновите околу Илинден,  с Владимирово е центар на културните случувања во Малешевијата.

На местото викано ,, Шилевите огради” жителите се собираат спонтано да го прослават големиот христијански празник ,, Илинден “ , и помладите генерации имаат можност да се запознаат со традицијата обичаите кои ги споделуваат повозрасните и низ една пријатна празнична атмосфера и Илинденски ручек народно познат под името курбан, го зачувуваат културното наследство кое се пренесува од колено на колено.

Инаку, манифестацијата во селото се одржува почнувајќи од 2005 година кога за прв пат жителите решиле да направат организирана форма под името Владимерски Илиндески средби, додека годините наназад, тоа било само обичен народен собир.

За време на одржувањето на Владимирските Илинденски средби, цело време низ селото се слуша писокот на зурлите и се вие малешевското непрекинато оро а населението пренесува силна порака ,,Ладимерци дека и да сте за Илинден дома да сте “.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Горе