Велигденската прослава го наполни беровскиот плоштад

Плоштадот ,,Димитар Беровски”, во Берово, блесна, преполн со народ, на првиот велигденски ден и низ песни и ора, традиционално, го славиме Христовото воскресение.
Со зборовите Христос Воскресе– Навистина Воскресе! како што е традиционално, денеска, си го честитаме големиот христијански празник Велигден и си посакуваме мир во душите и радост во срцата.
После долги 2 години, конечно се враќаме на традиционалните вредности, фолклорот и културата.
Под организација на ДК,,Димитар Беровски” и Општина Берово, на плоштадот беше изведена културно уметничка програма, а неизоставен дел од забавата беа изборот на најцврсто и најубаво украсено јајце.
Голем број граѓани и синоќа, се собраа во црквата Рождество на Пресвета Богородица, каде што традиционално се изврши трикратниот опход околу црквата.
Со радост ја дочекуваме веста за Христовото Воскресение и си посакувсме Божјата наклонетост да допре до сечиј дом и да подари здравје, среќа и љубов на секого.
Горе