Утре, Советот на Општина Берово, ќе ја одржи 28-та Седница

Утре, со почеток во 08:00  часот, Советот на Општина Берово, ќе ја одржи 28-та Седница со следниот:

Д н е в е н   р е д:

  1. Записник од 26-та седница на Совет;
  2. Записник од 27-та седница на Совет;
  3. Образец на Развоен план на установата за деца ОЈУДГ “23 Август” Берово за период 2023 – 2026 година;
  4. Предлог О Д Л У К А за престанок и давање на трајно користење на движнa стварa, без надоместок-машина за косење и кастрење на вегетација – тракторски мулчер на ЈПКР “Услуга” Берово;
  5. Предлог Одлука за давање на трајно користење на движна ствар – Ревидиран Основен Проект за куќен приклучок на фекална канализација за објект КП бр.2396, КО Берово со Техн. бр.007/2023-К, изработен од страна на Доминг јтд Радовиш;
  6. Предлог О Д Л У К А за одобрување на финансиски средства од Буџетот на Општина Берово за 2023 година, за финансирање на дел од трошоците за реализирање на ученичка екскурзија за учениците од II – 1 и IV – 6 клас при ОСУ “Ацо Русковски” Берово;
  7. Предлог Измена и дополнување на Програмата Ј4 – За одржување на јавна чистота на подрачјето на Општина Берово за 2023 година;
  8. Предлог Дополнување на Г2 Програмата за поттикнување на развојот на туризмот на општина Берово за 2023 година;
  9. Предлог О Д Л У К А за ослободување од плаќање на комунална такса за користење на плоштадот во Берово (локација – уредена јавна површина – мини плоштад кај Домот на културата во Берово) за период од месец април 2023 заклучно со месец декември 2023 година;
  10. Предлог Одлука за ослободување од плаќање на комунална такса за користење и одржување на јавно осветлување – Петар Пипонски;
  11. Предлог Одлука за ослободување од плаќање на комунална такса за користење и одржување на јавно осветлување – Ѓорѓи Пипонски;
  12. Предлог Одлука за ослободување од плаќање на комунална такса за користење и одржување на јавно осветлување – Лилјана Арнаутовска;
  13. Годишен Извештај за реализација на Програмата за развој на Источен Плански регион за 2022 година;
  14. Годишен Извештај за работењето на Центарот за развој на Источен плански регион за 2022 година;
  15. Квартален Извештај за реализација на Програма за 2023 година на ОЈУСЗСЛ “д-р Иван Влашки Берово” за 2023 година;
  16. Советнички иницијативи и прашања;
  17. Барања од институции и граѓани.

Совет на Општина Берово

Претседател

Марија Буровска

Горе