Усвоен Буџетот на Општина Берово за 2025 година

Едногласно, со 15 гласа ЗА, денеска, на 54- тата Седница на Совет на Општина  Берово, усвоен е  Буџетот на Општина Берово, за 2025 година.

 

Вкупниот БУЏЕТ НА ОПШТИНА БЕРОВО ЗА 2025 ГОДИНА, е проектиран на сума од 414.800.000 – 6.744.715 евра.

Изгласаниот Буџет на Општина Берово, е со следниот распоред:

 

БУЏЕТ НА ОПШТИНА БЕРОВО ЗА 2025 ГОДИНА – 414.800.000 – 6.744.715 евра

ТЕКОВНО-ОПЕРАТИВНИ РАСХОДИ – 347.705.129 – 84%

КАПИТАЛНИ РАСХОДИ – 67.094.871– 16%

 

ОСНОВЕН БУЏЕТ – 141.623.700 – 34%

БУЏЕТ НА САМОФИНАНСИРАЧКИ АКТИВНОСТИ – 19.226.000 – 5%

БУЏЕТ НА ДОТАЦИИ – 235.033.046 – 57%

БУЏЕТ НА ДОНАЦИИ – 18.917.254 – 5%

 

ОСНОВЕН БУЏЕТ – 141.623.700 – 2.302.824 евра

ТЕКОВНО ОПЕРАТИВНИ РАСХОДИ – 86.053.533 – 60%

КАПИТАЛНИ РАСХОДИ – 55.570.167 – 40%

 

БУЏЕТ НА САМОФИНАНСИРАЧКИ АКТИВНОСТИ – 19.226.000 – 312.618 евра

ТЕКОВНО ОПЕРАТИВНИ РАСХОДИ – 18.606.000 – 97%

КАПИТАЛНИ РАСХОДИ – 620.000 – 3%

ПРОГРАМА К2 – 250.000

ПРОГРАМА Н1 – 155.000 (ООУ ДИМ-80.000, ООУ НПР-75.000)

ПРОГРАМА Н2 – 500.000

ПРОГРАМА В1,ВА – 8.025.000

ПРОГРАМА В2,ВБ – 10.296.000

 

БУЏЕТ НА ДОТАЦИИ – 235.033.046 – 3.374.423 евра

ТЕКОВНО ОПЕРАТИВНИ РАСХОДИ – 224.321.092 – 95%

КАПИТАЛНИ РАСХОДИ – 10.711.954 – 5%

ПРОГРАМА К – 5.633.110

ПРОГРАМА Н1 – 120.365.000 ( ООУ ДИМ-101.708.425, ООУ НПР-18.656.575)

ПРОГРАМА Н2 – 47.500.000

ПРОГРАМА В1 – 36.598.769

ПРОГРАМА В2 – 13.108.167

ПРОГРАМА Њ0 – 11.828.000

 

БУЏЕТ НА ДОНАЦИИ – 18.917.254 – 307.598 евра

ТЕКОВНО ОПЕРАТИВНИ РАСХОДИ – 18.606.000 – 99%

КАПИТАЛНИ РАСХОДИ – 192.750 – 1%

 

ОКР – ПРОГРАМА Г1 – 2.634.500

СИСТЕМ СО СЕНЗОРИ ЗА ЗЕМЈА И ПОЧВА – 1.620.402

РАЗВОЈНА-ШТИП И БЕРОВО-ПРОГРАМА ГА – 177.701

ОЈУСЗСЛ Д-Р ИВАН ВЛАШКИ ( 1 ПРОЕКТ) – ПРОГРАМА В2 – 13.500.000

ОСУ Ацо Русковски ( 4 ПРОЕКТИ) – 984.651

Буџетот на Општина Берово, за 2025 година, содржи реализација на голем број  капитални проекти, инфраструктурни проекти, проекти од областа на спортот и културата, социјална заштита, туризам, локален економски развој, енергетска ефикасност, животна средина и противпожарна заштита.

Може  да се каже дека Буџетот на Општина Берово за 2025 година, е развоен и е изготвен водејќи се од начелото на почитување на принципот на буџетска дисциплина и транспарентност.

Во Буџетот на Општина Берово за 2025 година, се внесени голем број предлози и проекти кои произлегоа од граѓаните , од невладиниот сектор, од младите и предлози кои произлегоа од одржаните форуми во заедницата.

Градоначалникот Пекевски упати благодарност до Советниците во Советот на Општина Берово, истакнувајќи дека изгласувањето на Буџетот претставува круна на досегашниот ангажман на административните служби,  во изготвувањето на Буџетот и програмите.

Изгласувањето на Буџетот, значи дека општината продолжува и  понатаму со реализација на сите предвидени активности по програмите за 2025 година и со остварување на очекувањата на граѓаните , за подобрување на квалитетот на живот.

Горе