Усвоен Буџетот на Општина Берово за 2021 година

Со 9 гласа ЗА и 6 воздржани, денеска, е усвоен Буџетот на Општина Берово за 2021 година.
Вкупниот Буџет на Општина Берово за 2021 година е проектиран на сума од 298.686.000,00 денари.
На изготвувањето на Буџетот, му претходеа предлози од граѓаните, неформални средби со граѓани, на кои што беа истакнувани приоритетите и потребите на граѓаните.
Во рамките на процесот на изготвување на Буџетот на Општина Берово за 2021 година, земани се во предвид, истакнатите проблеми на граѓаните, кои беа доставени по објавен повик, по приоритет.
Буџетот е изготвен, водејќи се од начелото на почитување на принципот на Буџетска дисциплина и транспарентност и може да се каже дека Буџетот на Општина Берово за 2021 година е развоен.
Основниот Буџет е проектиран на сума од 94.759.241,00, од кои тековно оперативни расходи се 61.459.241,00 или 64% и капитални расходи се 33.300.000,00 или 36%.
Буџетот на самофинансирачки активности е проектиран на 15.954.000,00, Буџетот на дотации на 152.724.777,00 денари, додека Буџетот на донации е проектиран на сума од 35.247.982,00.
Буџетот на Општина Берово за 2021 година, содржи реализација на капитални проекти, инфраструктурни проекти, проекти од областа на спортот и културата, социјална заштита, туризам, локален економски развој, енергетска ефикасност, животна средина и противпожарна заштита.
Сметаме дека Буџетот на Општина Берово е развоен и ги содржи сите компоненти, предвидени во Програмите, понатаму како што ќе добиваме трансфери од повисоко ниво на власт, тој секако ќе претрпи измени- истакна Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски.
Горе