Учениците од прва година во ОСУ ,,Ацо Русковски” во Берово, добија по 5.000,00 денари од општинскиот буџет

Со цел олеснување на трошоците на родителите, на почетокот на учебната година, денеска, на сметките на родителите на беровските ученици, кои годинава се запишаа во прва година, средно образование, во ОСУ ,,Ацо Русковски”, во Берово, легнаа по 5.000,00 денари, од Буџетот на Општина Берово.
Како поддршка од локалната самоуправа, за покривање на трошоците, за купување на школски прибор и други потребни работи за почетокот на учебната година, исплатени се по 5.000,00 денари, на вкупно 85 ученици, во прва година.
Средствата се дел од Програмата за социјална заштита за 2023 година и имаат за цел, на почетокот на учебната година, да бидат поддршка во семејниот буџет.
Се надевам дека исплатените средства ќе бидат добредојдени во престојниот период, за родителите да им овозможат се што им е потребно за среќен почеток, на своите ученици.
За реализација на оваа активност, преку програмата за социјална заштита, од Буџетот на општина Берово за 2023 година, исплатени се вкупно 425.000,00 денари.
Подобри услови за учење за секое дете и враќање на парите назад кон граѓаните, се нашите приоритети, при креирање на локалните политики.
Горе