27.08.2024 година
ИЗВЕСТУВАЊЕ
Општина Берово ја информира јавноста дека подготви Извештај за Стратегиска оцена на животната средина за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за некласификувана инфраструктура со намена Е3.1 – Локални депонии за одлагање на неопасен отпад – Депонија за комунален отпад во Општина Берово, и истиот ќе биде ставен на јавен увид во текот на 30 дена од 27.08.2024 година до 27.09.2024 година, во кој период ќе можат да се доставуваат забелешки и сугестии по електронски пат на [email protected] или по пошта на ул. “Димитар Влахов” бр.10 2330 Берово.
Извештајот за стратегиската оцена на влијание врз животната средина ќе биде достапен за увид во Општина Берово, во Одделение за комунални дејности и животна средина, Одделение за урбанизам и Одделение за локален економски развој, секој работен ден од 08:30 до 14:30 часот во период од 10.09.2024 година до 10.10.2024 година.
Воедно се известуваат граѓаните, правните и физичките лица дека Општина Берово ќе организира консултација со јавноста по Извештај за Стратегиска оцена на животната средина за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за некласификувана инфраструктура со намена Е3.1 – Локални депонии за одлагање на неопасен отпад – Депонија за комунален отпад во Општина Берово.
Консултацијата со јавноста ќе се одржи на ден 05.09.2024 година (Четврток) со почеток во 09.00 часот, во салата на Општина Берово.
Врз основа на член 65 став 6 од Законот за животна средина (Сл.весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 183/13 и 42/14), Општина Берово на ден 25.11.2020 година донесе Одлука за неспроведување на стратегиска оцена за Детален урбанистички план за локалитет ,,Манастир” – Општина Берово за плански период 2018-2023 година, со намена за Б5 -хотелски комплекси – Општина Берово.
Неспроведувањето на стратегиската оцена во согласност со Законот за животна средина е разгледана и потврдена и од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање, по доставено мислење со бр. Уп1 15- 1631/2020 од 23.12.2020 година.
Одлука за неспроведување за локалитет Манастир
Врз основа на член 65 став 6 од Законот за животна средина (Сл.весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 183/13 и 42/14), Општина Берово на ден 05.02.2021 година донесе Одлука за неспроведување на стратегиска оцена за локалната урбанистичка планска документација со намена за Е2-кумунална супраструктура-градби за производство на енергија од обновливи извори (фотоволтаични централи ) на КП 3193, КП 3194, и КП 3195, КО Берово ВГ, Општина Берово.
Неспроведувањето на стратегиската оцена во согласност со Законот за животна средина е разгледана и потврдена и од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање, по доставено мислење со бр. Уп1-15 177/2021 од 19.02.2021 година.
Одлука за неспроведување за фотоволтаични централи
Врз основа на член 65 став 6 од Законот за животна средина (Сл.весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 183/13 и 42/14), Општина Берово на ден 08.02.2021 година донесе Одлука за неспроведување на стратегиска оцена за локалната урбанистичка планска документација со намена за Е2-кумунална супраструктура-градби за производство на енергија од обновливи извори (фотоволтаични централи ) на КП 3190, и КП 3191, КО Берово ВГ, Општина Берово.
Неспроведувањето на стратегиската оцена во согласност со Законот за животна средина е разгледана и потврдена и од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање, по доставено мислење со бр. Уп1-15 182/2021 од 19.02.2021 година.
Одлука за неспроведување за фотоволтаични централи 1