Стоп за секојдневните пресови, граѓаните сакаат да слушнат што ќе се направи за нив

Почитувани,

Секојдневните пресови на ВМРО ДПМНЕ, во кои зборуваат  за моето наводно незаконско работење,  уште еднаш потврдуваат дека неможејќи да ја критикуваат мојата работа и сето она што за Берово и беровчани се прави, изнаоѓаат некои привидни неправилности, кои се всушност работи од секојдневното работење на општината и за кои ни малку не  чувствувам да сум сторил нешто што е на штета на органот, а најмалку на граѓаните.

Се прашувам дали при изнаоѓањето на наводните неправилности, не сте се запрашале дека во работите за кои ме обвинувате, ја обвинувате работата на целата  општинска администрација, во која работат пред се интелектуалци, кои верувајте се преоптеретени со секојдневните работни обврски, да се направи нешто  за Берово и за жителите на Берово и немаат време, во услови на пандемија да се објаснуваат и да даваат одговор  на вашите празни обвинувања.

Граѓаните сакаат да слушнат што ќе се направи за нив, како ќе им се унапредат услугите, кога ќе се реши одреден комунален проблем и слично. Ние сме мало место, каде што сите се познаваме и штета е на овој начин да се создава омраза, бидејќи верувајте во секој ваш прес, одредена група на службеници е дирекно повредена и    се создава револт непотребно.

Моја работа не е да одговарам на празни обвинувања, туку да работам во насока на подобрување на животот на граѓаните и затоа така ќе продолжам.

Мултимедијалниот центар е голем капитален проект, кој ќе биде гордост на Берово и кој ќе биде започнат во следниот период. Капиталните проекти не се нешто што никнува преку ноќ. За истиот веќе обезбедивме техничка документација.

Работите што се направени и се прават за градот и за подобрување на животот на ѓраѓаните се евидентни и докажавме како се сака Берово со срце.

На соочување и дуел сум подготвен во секое време, за се друго сметам дека е излишно и непотребно.

Благодарам!

Горе