Средба со победничките генерации, на фудбалскиот клуб Малеш

Денеска, градоначалникот Пекевски, оствари средба, со победничките генерации,  на фудбалскиот клуб Малеш, предводени од тренерите Александар Мишовски, Љупчо Нешовски и Илија Бојчовски, кои  ги освоија првите места, на фајнал форот  и се пласираа на Републичкиот  завршен турнир, во Скопје, со најдобрите екипи, од сите региони во државата.

Во фудбалската сезона 2023/2024 година, во детската лига исток, под покровителство на ФФМ , ОФК Малеш, се натпреваруваше во 3 генерации:

Генерација 2011/2012

Генерација 2013/2014

Генерација 2015/2016

Во генерацијата 2013/2014 на завршниот регионален турнир, од најдобрите 4 екипи во истокот, предводени од тренерот Александар Мишовски, го освоија првото место, на фајнал форот во Чешиново  и се пласираа на Републичкиот  завршен турнир во Скопје, со најдобрите екипи од сите региони во државата.

Во Генерација 2015/2016 на завршниот регионален турнир, од најдобрите 4 екипи, во истокот, предводени од тренерот Љупчо Нешовски, го освоија првото место, на фајнал форот, во Македонска Каменица  и исто така се пласираа на Републичкиот  завршен турнир, во Скопје, со најдобрите екипи, од сите региони во државата.

На 1 ви јуни, (сабота),  на терените на фудбалската федерација на ФФМ, ќе се одигра завршниот турнир, каде што ОФК Малеш ќе  води фудбалска  „битка“,  да бидат најдобри на државно ниво, со генерациите, со кои се освоени првите места.

Дечињата и тренерите, во петок, ќе заминат за Скопје, каде што во сабота , ќе се натпеваруваат за 1 то место на републичко ниво.

Сите трошоци за дечињата ќе бидат покриени од страна на  ОФК Малеш.

Градоначалникот Пекевски, упати честитки за освоениот успех и посака многу успех на престојните натпревари.

Општина Берово, секогаш стои на располагање за поддршка и ќе продолжи да го поддржува спортот во Берово, особено младинската школа.

Горе