Средба со граѓаните од ромската заедница по проект ,,Општините Штип и Берово заедно за подобрување на условите за живеење на ромските заедници”

Продолжуваат  активностите  од проектот  ,, Штип и Берово заедно за подобрување на условите за живеење на ромските заедници”, чија главна цел е Унапредување во домувањето, образованието и економските можности за Ромите кои живеат во голема сиромаштија, преку подобрување нанивните услови за домување и пристап до социјални услуги.

Преку заеднички проект општиините Берово и Штип, во соработка со  Здружение за одджлив развој- Зелен Институт од Скопје,заеднички ќе работат на подобрување на  условите за живот на ромската заедница, кој финансиски е поддржан од Европска Унија, преку Делегација на ЕУ во Скопје, во согласност со акциската програма за инклузија – ИПА 2 од 2019 година.

 

Вчера, во просториите на Општина Берово беше одржан состанок со граѓаните од ромската заеднца -претставници од семејствата, кои поднеле барање за легализација на бесправно изградени објекти, со цел утврдување на фактичката сосотојба, со документација, следни активности, обезбедување на дополнителни документи и динаминка на натамошни активности, кои финансиски ќе бидат поддржани од проектот.

Овој проект ќе биде имплементиран во период од 36 месеци (3 години), почнувајќи од оваа година. Вкупниот грант е во вредност од  895.400,00 евра, во кој  799.950,00 се средства од ЕУ, а општините Штип и Берово ќе учествуваат со сопствени средства во износ од 95.450,00 евра.  Во рамките на  проектот за Берово, предвидени се следниве активности :

Донесување на ДУП и ГУП во износ од 15 хектари во ромската населба;

Легализација на бесправно изградени куќи во сопственост на ромски семејства (25 кои имаат поднесено барање и 15 кои немаат поднесено барање за легализација);

Рехабилитација и реконструкција на 15 куќи на ромски смејества кои живеат во несоодветни и штетни услови;

Подобрување на инфраструктурата во ромската населба: Реконструкција на 250 м фекална канализација, поплочување на мали улици во износ од 70 до 100 м, приклучување на вода на 7 семејства кои не се приклучени, приклучување на струја на 5 семејства кои немаат пристап до електрична енергија, обезбедување на 7 контејнери и 120 индивидуални канти за отпад кои ќе бидат поделени во ромската населба

Притоа, за подобрување на условите за домување на ромската заедница во општина Берово, ќе биде инвестиран износ од 173.000,00 евра.

Горе