Со средства од централниот Буџет, ќе се гради отворен канал за атмосферска вода, покрај ул.,,Вељко Влаховиќ” и локален пат Берово-Црвен Брег- туристичка населба Абланица

Со сретства од Буџетот на РСМ за 2023 година , доделени како капитални дотации, во Општина Берово, ќе се реализираат 2 инфраструктурни проекти:

Изградба на отворен канал за атмосферска вода, покрај ул.,,Вељко Влаховиќ” и

Изградба на локален пат Берово-Црвен Брег- туристичка населба Абланица.

Капиталните дотации се наменети за финансирање на општински проекти, при што за двата проекти, на Општина Берово, обезбедени се вкупно 17.941.000,00 денари, од кои 4.654.000,00 за Изградба на отворен канал за атмосферска вода, покрај ул.,,Вељко Влаховиќ” и 13.287.000,00 за Изградба на пат Берово-Црвен Брег- туристичка населба Абланица.

Благодарност до Владата на РСМ, што ни овозможува реализација на вакви капитални проекти, кои се од големо значење за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните на Општина Берово и кои не би можеле да бидат реализирани без дадената поддршка.

Горе