По повод светскиот ден на здравјето, Здравствениот Дом во Берово, денес, организира превентивни бесплатни прегледи, во центарот на градот.
Честитајќи им го денешниот ден, на сите здравствени работници, директорката на Здравниот Дом, истакна дека во акцијата се врши бесплатна проверка на шеќер во крвта, мерење на притисок и телесна тежина, како и консултации со граѓаните за нивното здравје.
-По повод денешниот светски ден на здравјето, на плоштадот во Берово, организираме бесплатни прегледи на граѓаните, каде што е предвидено мерење на шеќер во крвта, мерење на притисок и телесна тежина, со цел подигање на свеста кај населението. превентивните прегледи се многу важни во превенцијата на нашето здравје и за навремено откривање на евентуални настанати пореметувања во човечкиот организам.Воедно, сакам да апелирам и да ги охрабрам нашите сограѓани, кои не ја примиле првата доза на вакцина против Ковид 19, да го сторат тоа, во нашата установа.Спремни сме, како во 2021 година да излеземе на теренска имунизација во секое населено место во Малешевијата.
Им го честитам денешниот ден на сите здравствени работници и соработници и упатувам голема благодарност за тешката битка која ја водевме овие две години со сеуште присутната пандемија – рече спец.д-р Весна Коловска, директор на ЈЗУ Здравствен Дом -Берово.
Интересот на Беровчани за превентивните бесплатни прегледи е голем, а предвидени се по 100 прегледи во денешната акција.
Овој ден е посветен на подигање на свеста за здравјето на луѓето ширум светот кој се одбележува на 7 април секоја година, под покровителство на Светската здравствена организација (СЗО).