Со позитивна енергија, да застанеме на патот на врсничкото насилство

Денеска, во просториите на Бизнис инкубатор во Берово, учениците од 6- то до 9–то одделение, од ООУ ,, Дедо Иљо Малешевски” и ООУ ,,Никола Петров Русински”,  имаа можност да бидат дел од работилницата ,,Крени глас против врсничкото насилство”, која се организира во рамки на општествено одговорната кампања на „Макпетрол“.

Во рамки на кампањата, „Макпетрол“ обезбедува едукативни материјали, во кои на сликовит начин и преку примери е прикажано врсничкото насилство, како проблем на денешницата.

Во  рамки на  интерактивната работилница, која е  предводена од психолог,  со долгогодишно искуство со проблемот со булингот, учениците преку игри и разни форми на активности имаа можност да научат дека булингот треба да се спречи и дека секој булинг треба да се пријави, за полесно да биде спречен и да градиме општество со позитивни вредности.

Физичкото, вербалното, психичкото, социјалното и сајбер-насилството се најчестите форми на булинг, а токму со нив, децата и младите се запознаваат во текот на едукативните средби.

ПОРАКАТА ДО СИТЕ Е:

Отворено разговарај со своите родители или наставници, со некој возрасен, во кого имаш доверба, тие ќе најдат начин да ги овозможат спокојно детство. Тоа е нивна задача!

Во кампањата се вклучија дел од стручните служби во училиштата, како и членови на Советот за превенција од детско престапништво.

Благодарност до општествено одговорна компанија „Макпетрол“,  што ја  започна оваа кампања, затоа што вложува во секој млад човек, со цел да прерасне во индивидуа која остава свој печат на светот и го менува на подобро.

Горе