Општина Берово денеска, го обележува денот на градот со низа активности.
Чествувањето започна со положување на свежо цвеќе на споменикот на паднатите борци во НОВ во близина на ОЈУДГ „23 Август“ во Берово и краток осврт за делото на паднатите борци.
Цвеќе пред реконструираната спомен плоча положија: делегација предводена од Министерката за труд и социјална политика, делегација предводена од Градоначалникот на Општина Берово, Делегација предводена од Претседателот на Советот на Општина Берово, политичките партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и делегација од Организација на резервни офицери од Општина Берово.
Одбележувањето на денот, продолжи со традиционалната свечена Седница на Советот на општина Берово, која ја водеше Претседателот на Совет, Јован Матеничарски, а која заради пандемијата од КОВИД 19, се одржа во дворот на детската градинка.
Присутните ги поздрави Министерката за труд и социјална политика, г-ѓа Јагода Шахпаска, која во своето обраќање, истакна дека денес Берово ја слави победата, 78 години од денот на ослободувањето, од далечната 1944 година. Оддаваме признание на борците кои ги дадоа своите животи за ние денес слободно да работиме, да создаваме и да го градиме својтот живот- додаде Шахпаска.
Пред присутните се обрати Градоначалникот на Општина Берово Звонко Пекевски, кој во кратки црти ги презентираше постигнатите резултати на општината и успешно реализираните проекти на локалната самоуправа за изминатата година, истакнувајќи ја отвореноста за иницијативи и идеи кон граѓаните.
На крајот на свечената седница Градоначалникот додели благодарници и плакети на поедницни кои допринесуваат кон континуиран раст и развој на општина Берово.
Присутните советници, заедно со Министерката за труд и социјална политика и Градоначалникот, во рамките на одбележување на денот, имаа можност да ги посетат новоизградените занимални во ОЈУДГ ,,23 Август”.