Сениорска екипа од Берово на меѓународен пријателски натпревар против екипата на истоимениот клуб од с. Микрево- Р. Бугарија

20 фудбалери од сениорската екипа на ФК ,,Малеш” од Берово, играат пријателски фудбалски натпревар, со екипа од истоимениот клуб од с. Микрево, Република Бугарија.

Натпреварот се реализира на покана на градоначалникот на општина Струмјани, г-дин Емил Илиев, како резултат на долгогодишното партнерство и традиционално добрите односи, меѓу двете соседни погранични општини.

Спортот не зближува и релаксира и ни  создава трајни пријателски врски.

Соработката ќе продолжи во иднина, со организација на пријателски натпревари и на младите категории.

Во публиката , како поддршка, на  нашите натпреварувачи, на трибините во Микрево, се Градоначалникот Пекевски и Претседателката на Совет на Општина Берово, Марија Буровска.

Горе