Се асфалтираат два крака во с. Митрашинци

Во рамките на програмата за локални улици и патишта, за 2022 година , се асфалтираат два крака во с. Митрашинци.
Едниот крак е со должина од 88 метри, вториот со должина од 86 метри, со широчина од 3 метри.
Едниот од двата крака, беше со оштетена инфраструктура, додека другиот за прв пат добива асфалт.
Со подобрување на патната инфраструктура во населените места, уште еднаш ја потврдуваме грижата за сите и го олеснуваме пристапот на жителите до нивните имоти.
За реконструкција на двата крака од с. Митрашинци, од Буџетот на Општина Берово за 2022 година ,ќе бидат потрошени 907.565,00 денари.
Горе