Во рамките на активностите на Општина Берово, од Програмата за реконструкција на локални улици и патишта за 2023 година, денеска, се асфалтира дел од ул.,,Задарска” во Берово.
Се асфалтира улицата, во должина од 270 метри, со широчина од 6 метри, по претходно извршено одводнување, во постоечката атмосферска канализација.
Со изградбата на оваа улица, се подобрува патната инфраструктура во Берово и ќе се олесни пристапноста на жителите, кои живеат во овој дел на градот, до нивните семејни куќи.
За изградбата на дел од улица ,,Задарска”, од Буџетот на Општина Берово, за 2023 година ќе бидат издвоени вкупно 3.853.065,00 денари.