РЕЗУЛТАТИ ОД ПАРТНЕРСТВОТО НА ОПШТИНАТА СО ПРОЕКТОТ НА УСАИД ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ ЗА ИСКОРИСТУВАЊЕ НА РЕСУРСИТЕ

Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите (2021-2026) им помага на единиците на локалните самоуправи да ги зголемат приходите од сопствени извори, да обезбедат поголемо надворешно финансирање, да ја зголемат стапката на реализација на буџетот и да го унапредат извршувањето на децентрализираните надлежности.

Општина Берово беше една од втората група на 24-те партнер општини кои соработуваа со Проектот од април 2022 година до декември 2023 година. Како резултат на 18 месечното партнерство и добиената техничка поддршка, со Општина Берово се остварени следните резултати:

  • Зголемена наплата на приходи од сопствени извори за над 181%, и зголемена наплата на данок на имот за 43%.
  • Подготвен Извештај со препораки за подобрување наорганизациските капацитети за администрирање на локалните даноци.
  • Зголемен капацитет на даночното одделение за ажурирање на базата на податоци за данок на имот.
  • Информирање на даночните обврзници за плаќањето на данокот на имот, преку едукативната кампања “Мој данок за мојата општина” споделена на веб-страница на општината на следниот линк: https://berovo.gov.mk.
  • Ажурирана база на податоци за данок на имот со поддршка на практикант, за чиј ангажман Проектот на УСАИД обезбеди финансиски средства за период од 6 месеци.
  • Спроведено бихевиористичко истражување на однесувањето на даночните неплаќачи (даночен морал), со што значително е намален заостанатиот долг по основ на данокот на имот кај физичките лица.
  • Изработен Извештај за самооценување на успешноста во управувањето со јавните финансии за 2022, со препораки за подобрување согласно претходно утврдени индикатори за мерење на успешноста.
  • Подготвена и објавена Процедура за внатрешна комуникација на Општина Берово на https://berovo.gov.mk.
  • Подготвена Предлог-програма за еднакви можности за жените и мажите за 2023.
  • Подготвена Стратегија за Локален Економски Развој на Општина Берово за 2024-2027.
  • Индексот за буџетската транспарентност за 2022-2023 изнесува максимални 16 индексни поени, и е непроменет во споредба со 2021-2022.
  • Индексот на даночната транспарентност на Општина Берово за 2022‐2023 е зголемен и изнесува 83% (од можни 100 %) во однос нa периодот 2021-2022 кога изнесувал 71%.
  • Подобрена активната транспарентност која во 2023 година изнесува 97,12% во однос на 2022 кога изнесуваше 95,7%.
  • Извештајот со сумирани резултати, можете да го превземете  ТУКА. 
Горе