Во рамките на активностите на Општина Берово, од Програмата за реконструкција на локални улици и патишта за 2025 година, нов асфалт доби улица .,,Енгелсова” во Берово.
Реконструирана е улицата во должина од 230 метри, со широчина од 5 метри, поставени се ивичнаци од двете страни, решено е одводнувањето и обезбеден е простор за изградба на тротоари со широчина од 1 метар, кои ќе бидат изведени во втора фаза.
Со изградбата на оваа улица, ја подобруваме патната мрежа во Берово и ја олеснуваме пристапноста на жителите до нивните имотии.
Вкупната вредност на инвестицијатa е 2.577.200,00 денари , кои се обезбедени во рамките на објавениот јавен повик на Влада на РСМ, за финансирање на инфраструктурни проекти од Програмата АА- Инфраструктурни проекти во општините, на Министерството за локална самоуправа, согласно измените и дополнувањата на Буџетот на РСМ, капитални проекти од областа на транспортот за 2024 година.
















