Реконструирана спомен плочата на паднатите борци во НОВ од Малешево во Берово

Во рамките на активностите на општина Берово за зачувување на културното богатство, реконструирана е спомен плочата на паднатите борци во НОВ од Малешево во Берово.

Реконструкцијата ја изврши Дом на културата ,, Димитар Беровски” од Берово, во пресрет на одбележување на денот на Берово- 23 август.

Со реконструкцијата на овој споменик, ја докажуваме грижата за културното наследство и посветено низ работа и труд го потврдуваме заветот што ни го оставија нашите предци.

Горе