Првото училишно ѕвонче го означи почетокот на новата учебна година во беровските училишта

Заѕвони првото училишно ѕвонче и го означи почетокот на новата учебна година,  за сите ученици од основните и средното  училиште во Берово.

Во основното училиште  „Дедо Иљо Малешевски“, во Берово и шесте подрачни училишта, годинава, ќе учат вкупно 656 ученици, кои денеска беа пречекани со топло добредојде и свечена програма.

И ООУ ,,Никола Петров Русински “ , првиот училишен ден го започна со свечена програма, каде што се  запишани вкупно 80 ученици,  во 9 паралелки.

Во средното училиште „Ацо Русковски“ во Берово, училишниот ден започна за 325 средношколци, во три гимназиски и три стручни насоки, од кои во училишните клупи во прва година се седнаа вкупно 77.

Најрадосни денеска,  беа родителите на првачињата, кои им посакаа успешна школска година и добро здравје на своите најмили, со надеж за многу успеси во училиштето.

Што е најважно од се, учебната 2022/2023 ја започнуваме со детски џагор и смеа и преполни училишни дворови и без некои посебни протоколи.

На сите ученци им посакуваме среќна и успешна учебна година.

Горе