Со свечена програма под мотото ,,Јас и светот околу мене”, во рамките на Детската недела, првооделенците од ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски”, денеска, станаа дел од Детската светска организација.
Постарите ученици, им посакаа добредојде и им го честитаа приемот во Детската организација, со пригодно подготвена програма.
Пред присутните наставници и родители, првачињата положија свечена заклетва за прием во Светската детска организација. Учениците ветија дека ќе бидат вредни и успешни и дека ќе ги почитуваат наставниците.
Со свои пораки за почитување на детскиот свет, се обрати и Директорката на ООУ,,Дедо Иљо Малешевски”, Наташа Аврамска.
Вложувањето во децата, е вложување во иднината и сите деца имаат право да живеат во демократско и хумано општество.
Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, на сите првачиња им го честита приемот во детската организација, посакувајќи им да ги почитуваат и слушаат своите наставници и родителите и од нив да ги прифаќаат сите позитивни навики.