Традицијата на прославата на еден од најголемите Христијански празници „Велигден“, Општина Берово, секоја година се одбележува со организација на голема Велигденска прослава на плоштадот „Димитар Беровски“ во Берово.
Најголемо внимание на прославата привлекуваат изборот на најубаво декорирано јајце и изборот на најцврсто Велигденско јајце, кои од Буџетот на општина Берово, добиваат пригодна парична награда.
Неизоставен дел од забавата за Велигден, е културно уметничката програма, која го наполнува плоштадот ,,Димитар Беровски” a атмосферата се надополнува КУД „Димитар Беровски“ од Берово, со изведба на неколку традиционални малешевски машки и женски ора, како и настапите на уметници од македонската екстрада и неколку локални музички групи.